Tuesday, September 20, 2016

Од висините на.....

Ангелски водопад
Ангелските водопади се лоцирани во Гвајанскиот планиски предел, кој е претежно изграден од стара кристална маса со просечна висина од 500 до 800 метри и со поголем број планински возвишенија со висина од 1500 до 1800 метри Овој предел е само еден од петте авантуристички региони во Венецуела. Токму од една ваква висорамнина водата паѓа во слободен пад од 979 метри од реката Чурун формирајќи го Ангеловиот водопад .