Tuesday, September 20, 2016

Од висините на.....

Ангелски водопад
Ангелските водопади се лоцирани во Гвајанскиот планиски предел, кој е претежно изграден од стара кристална маса со просечна висина од 500 до 800 метри и со поголем број планински возвишенија со висина од 1500 до 1800 метри Овој предел е само еден од петте авантуристички региони во Венецуела. Токму од една ваква висорамнина водата паѓа во слободен пад од 979 метри од реката Чурун формирајќи го Ангеловиот водопад .

Инаку оваа висорамнина е дел од планинското возвишение"Auyantepuy"  кој пак припаѓа во националниот парк  Канима во Венецуела. 
Со оваа висина тој претставува највисок водопад во светот.
Џејмс Крофорд Ејнџл
Водопадите се именувани по Џими Ејнџл, авантуристички пилот од Миcури, САД. Џејмс Крофорд Ејнџл е модерна легенда.  За прв пат го видел водопадот во 1933 со неговиот партнер додека ја барал легендарната МекКракен река од злато, или Златниот Град.
Џејмс се вратил повторно во 1937 со неговата жена и неговиот пријател Густаво Хенри каде што поради проблеми со леталото биле приморани да слетуваат во близина на  врвот "Auyantepuy". Леталото успешно слетало на врвот од планината и останало таму 33 години се додека не било симнато со  хеликоптер.
Авионот на Џејмс Крофорд Ејнџл
Џими Ејнџл и неговата дружина успеале да се симнат од планината и да се вратат во цивилизација,одејќи низ џунглата 11 дена. Авионот на Џими моментално е во Музејот за Авијација во Маракај, и денес можете да најдете копија од неговиот авион на врвот од планината.
Фасцинантниот свет во Канима Националниот Парк е совршена комбинација од магија и реалност,  исполнет со преубави возвишенија, безбројни реки, езера, водопади, шуми и савани распространети насекаде
Во овој подарок од Бога кон природата ќе најдете интересни растенија и животни, нешто ендемично, како и домородците-Пемон, луѓе со клутура, уметност, фолклор и античка кујна.
Оваа мозаична природа е жив пример за географската историја на нашата планета.
Канима Националниот Парк е лоциран во југоисточниот дел од Венецуела, јужно од реката Ориноко, тој бил прогласен за национален парк на 12 јуни 1962 со цел да се заштитат атракциите за остатокот од светот.
Паркот има 3 милиони хектари, што го прави втората најголема заштитена зона во Венецуела и шеста во светот.
Laguna de canima
Паркот е поделен на 2 дела источен и западен.
Западниот дел е едноставно наречен Канима и до него може да  се стигне со летови од најразлични делови во земјата.
Ако го посеетите уживајте во ова привилгирано место со највискиот водопад во светот, униканите Ангелски Водопади. Видете ја спектакуларната глетка во Laguna de Canaima, со преубави водопади, повикувајќи ве да пливате и ве провоцираат со прекрасната бела песочна плажа обиколувајќи ја лагуната.
На истокот е Gran Sabana до која може да се стигне со авион или со автомобил.

Дозволете да ве однесеме барем преку слики до местото каде што земјата започнала, најстариот предел на планетата и восхитете се од  дивината. Од времето и природата ќе мислите дека сте на друг свет.
Pemon



Laguna de canima



Gran Sabana

No comments:

Post a Comment